Тимот на Вардар Јуниор во новата сезона 2018/2019 година ќе влезе со уште подмладен состав и ќе има тешка задача повторно да обезбеди опстанок во најсилната Супер лига. Повторно нивен главен предводник од клупата и во новата сезона ќе биде Стојан Петрушевски, додека пак има промена на местото помошен тренер, каде Пепи Манасков ќе го завземе местото на Аце Станковски. Веќе е познат распоредот на есенскиот дел за младиот црвено-црн состав во Супер лигата.
Првото коло го играме на 15/16.септември кога сме домаќини на екипата на РК Радовиш. Потоа играме в гости кај новиот член на суперлигашката конкуренција, екипата на РК Струга. Оваа календарска година ќе се одиграат 14.кола и ќе се игра се до 15.декември по што ќе следува зимската пауза. Целиот распоред погледнете го ОВДЕ!