Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Три генерации на ФК Вардар, дел од меѓународниот младински фудбалски куп “Пандев 2018„
Три генерации на ФК Вардар, дел од меѓународниот младински фудбалски куп “Пандев 2018„

Три генерации на ФК Вардар, дел од меѓународниот младински фудбалски куп “Пандев 2018„

Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар во претстојниов период ќе бидат дел од меѓународниот младински фудбалски куп “Пандев 2018„. Учество ќе земат вкупно 32 екипи од седум различни држави, кои ќе се натпреваруваат во четири различни возрасни генерации.

Вардар ќе се натпреварува со генерациите родени “2002“, “2003“ и “2005“ година. Генерацијата родени “2002“ година се дел од групата А, во која се уште и екипите на Тимишоара ( Романија), Бубамара ( Хрватска) и Победа ( Македонија). Генерацијата родени “2003“ година се во група со екипите на Беласица, Академија Пандев и Национал (Бугарија). Генерацијата родени ’2005“ година се дел од групата Б, заедно со екипите на Јагодина (Србија), Национал (Бугарија) и Еуроспорт Куманово.

Генерален покровител на „Пандев Куп 2018“ е токму Горан Пандев, а помагатели се ФФМ, Агенција за млади и спорт, Град Скопје, Општина Струмица, Државен Студентски Дом „Скопје“ и уште неколку компании. Натпреварите ќе се одиграат на терените на фудбалската федерација на Македонија, Во Ѓорче Петров, како и во Струмица. Турнирот започна од вчера и ќе трае се до 4-ти август.