Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пом.пионери на Филип Деспотовски со триумф го стартуваа турнирот “Пандев 2018„, денес настапи ќе имаат и генер. “2002„ и “2005„
Пом.пионери на Филип Деспотовски со триумф го стартуваа турнирот “Пандев 2018„, денес настапи ќе имаат и генер. “2002„ и “2005„

Пом.пионери на Филип Деспотовски со триумф го стартуваа турнирот “Пандев 2018„, денес настапи ќе имаат и генер. “2002„ и “2005„

Генерарацијата родени “2003“ година, или помладите пионери на ФК Вардар имаа сигурен старт на турнирот “Пандев 2018„. Избраниците на Филип Деспотовски во првото коло ја победија домашната екипа на Беласица од Струмица, совладувајќи ја со резултат од 3:1.

Одлична игра на црвено-црните, кои имаа голем посед на топка и најголем дел од играта на овој натпревар. Уштге по првото полувреме работите околу тоа кој ќе ги освои бодовите беа јасни, кога Вардар имаше водство од 0:2. Резултатот на дуелот го отвори Георг Стојановски, кој му донесе водство на својот тим од 0:1. До крајот на првиот дел уште еднаш ја затресовме мрежата на противникот, а во листата на стрелци се запиша и Лео Андрески, за водство од 0:2, по првиот дел. Во второто полувреме видовме по еден гол на двете стграни. Најпрво Вардар го зголеми резултатот на 0:3, преку стоперот Филип Ѓорѓоски, за Беласица во следниот период да постигне почесен гол и да ги постави конечните 1:3 на овој прв натпревар, на турнирот на кој учество земаат 32 екипи, во четири различни возрасни генерации. Во првиот состав на денешниот дуел беа и повратниците, Андреј Стојчевски и Дамјан Ќосески, кои изминатите две години беа дел од академијата на ФФМ, како и новото засилување, Грегори Давков, кој исто така дојде од академијата на ФФМ. Одлично деби и за новиот стратег, Филип Деспотовски, за кој ова беше прв натпревар со генерацијата “2003„.

ФК Вардар: Стојковски (c), Марковски, Давков, Трпезановски, Ѓорѓоски, Стојчевски, В. Стојановски, Ќосески, Андрески, Јовановски, Г. Стојановски.

Во првото коло во истава група, Академија Пандев славеше во дуелот со Национал (2:1).

Во текот на утрешниот ден, со почеток од 08:30 часот се среќаваме со екипата на Национал од Бугарија. Уште две генерации на ФК Вардар денес ќе ги одиграат своите први натпревари на турнирот. Пионерите под водство на Кралевски, со почеток од 18:15 часот на терените на ФФМ се среќаваат со екипата на Бубамара од Хрватска, додека генерацијата “2005“’ на Сашо Јанев за противник ги имаат врсниците од Национа, дуел кој ќе започне од 16:45 часот на терените на ФФМ.