Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дефиниран распоредот на мечеви во Супер лигата за ЖРК Вардар
Дефиниран распоредот  на мечеви во Супер лигата за ЖРК Вардар

Дефиниран распоредот на мечеви во Супер лигата за ЖРК Вардар

Женскиот ракометен клуб Вардар оваа сезона ќе се натпреварува во видеоизменет состав. По заминувањето на големиот број интернационалки ние со подмладен состав ќе се натпреваруваме во женската ракометна Супер лига.  Ракометната федерација на земјава го дефинираше распоредот на дуелите за оваа ракометна есен во женската ракометна конкуренција.

Оваа сезона лигата ќе брои десет екипи кои ќе се натпреваруваат во единствената женска конкуренција во земјава. Станува збор за тимовите на: Металург , Стружанка, ЖРК Деспина, Овче Поле СУ, ЖРК Вардар ЖРК Куманово ,Гевгелија , Спартак , Цемс и ЖРК Пелистер 2012. Истата ќе започне на 8/9.септември, во првото коло ние сме домаќини на ЖРК Куманово, а во второто гостуваме кај екипата на Овче Поле СУ во Свети Николе. Целиот распоред погледнете го во продолжение ТУКА