Минатата недела започна првата машка, а од овој викенд старуваат возбудвање и во првата женска сениорска кошаркарска лига. Кај дамите ќе се игра првото пролетно односно, 11.коло, а кај момците на програмата е 13.коло во сезоната 2018/2019.
Избраничките на Жаклина Стојановска, гостуваат во Битола кај екипата на ЖКК Пелистер. Овој дуел ќе се игра во салата “Младост“, уделот е закажан за сабота, 26.јануари со почеток во 13 часот и 30 минути. Девојките на ЖКК Вардар влегуваат како благи фаворитки на оваа средба. За напомена по крајот на овој дуел се завршува првиот круг од напреварите.
Момцитите оваа кошаркарска пролет ја отворија со тесен пораз на гостувањето кај КК Куманово во истоименот град. Во ова 13.коло поради непарниот број на екипи во Првата лига, 11 на број, токму нашиот Вардар ќе биде слободен.