Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Хрватска ја победи Франција, Карачиќ одигра цел меч во нападот
Хрватска ја победи Франција, Карачиќ одигра цел меч во нападот

Хрватска ја победи Франција, Карачиќ одигра цел меч во нападот

По два последователни порази, Хрватска успеа да го добие последниот дуел од втората групна фаза, откако вечерва ја совладаа селекцијата на Франција.

Откако и Франција и Хрватска не реализираа по два напади, “триколорите„ први го отворија резултатот со голот на Ремил, додека на спротивната страна вратија избраниците на Червар преку Хорват за израмнување на резултатот на 1:1. И по 10.минути игра резултатот беше израмнет на 3:3, додека во 12 минута за прв пат Хрватска имаше водство од два гола разлика (3:5), откако третиот гол го постигна Хорват. Карачиќ во текот на целото прво полувреме играше во нападот, најчесто во бековската линија со Дувњак и Степанчиќ. Истава позитива од два гола, Хрватска ја имаше и во 17 минута кога погоди Карачиќ за 6:8, но Франција врати со два гола и преку Гребил го израмни повторно резултатот на 8:8. Откако Вранковиќ го замени Степанчиќ, овој играч успеа да постигне два гола во серија за ново водство од 8:10. Во последните пет минути од првиот дел, избраниците на Динарт направија серија од 3:1 и на полувреме се замина со нерешени 11:11.

Вториот дел започна со шесттиот гол на Хорват од исто толку обиди, за водство од 11:12. Франција успеа да сврзе два гола и да поведе, но со својот втор гол Карачиќ го израмни резултатот на 13:13. Во наредните десет минути, Хрватска беше постојано во предност, која се движеше од 1-2 гола разлика, а имаа напад и за плус три кој не успеаа да го искористат. Сепак тоа им поаѓа од рака кога во контра напад, Мандиќ за прв пат на овој дуел им донесе предност на својот тим од 16:19. Имаа хрватите и четири гола позитива, за Фаранција да внесе резултатска неизвесност и да намали на 18:20. И Шего и Жерард имаа по 10 одбрани на своите голови. на крајот слави Хрватска со резултат 20:23.

Карачиќ одигра цел меч во нападот, успевајќи да постигне два гола. Со овој триумф, Хрватска успеа да се избори за пласман во Олимписките квалификации. На овој начин Хрватска ќе заврши како третопласирана во својата група и во сабота ќе игра за пласман на 5-6 место.