Вардарци полека се комлетираат пред продолжување на сезоната. На денешниот тренинг ќе се појават и играчите кои беа дел од своите репрезентации на Светското првенство. Денес црвено-црните ќе бидат побројни, со Стоилов, Поповски, Дибиров, Калараш, Шишкарев, Кисељев и Милосављев, додека последен на екипата ќе се приклучи Карачиќ, кој се уште има настапи со Хрватска на мундијалот. Карачиќ последниот натпревар на СП треба да го одигра во сабота, кога Хрватска ќе игра за пласман на 5.место. Ова значи дека Карачиќ ќе го очекуваме дури од следната недела. Со споменатите седум играчи, на утрешниот тренинг ќе се појави и шефот на стручниот штаб, Гарсија Парондо кој знаеме дека имаше обврски со селекцијата на Македонија.
Познато е дека тројца играчи кои имаа операција, добија дозвола од лекарскиот тим за тренинг, но тоа засега се одвива посебно од екипата. Се работи за Гедбан, Фереира и Борозан, кои би требало да бидат подготвени за првиот дуел оваа година во Лигата на Шампионите, кога ќе гостуваме на екипата на Рајн-Некар, меч закажан за на 6.јануари. Претходно не очекува дуел во СЕХА-лигата, и тоа на 31.јануари кога гостуваме во Србија, на екипата на Војводина.
Пред два дена одигравме контролен натпревар против екипата на Железничар, дуел кој го добивме минимално. Радува фактот и што Кристопанс е целосно опоравен, после оперативниот зафат. Тој беше втор најдобар стрелец на црвено-црните, постигнувајќи 9 голови. Во месец март се очекува на тренинзите да се врати и Сергеј Горбок, само прашање е дали ќе може до крајот на сезоната да му помогне на својот тим.