Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > МКФ: Женската прва лига стартува идниот викенд, Вардар на мегдан со Пелистер
МКФ: Женската прва лига стартува идниот викенд, Вардар на мегдан со Пелистер

МКФ: Женската прва лига стартува идниот викенд, Вардар на мегдан со Пелистер

Во вчерашната информација на кошаркарската федерација на земјава за почетокот на сениорските лиги се вели:

Кошаркарските возбудувања на ниво на нашата Република продолжуваат овој викенд. Клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига во сениорска машка конкуренција в сабота и в недела (19. и 20. јануари) ќе ги одиграат натпреварите според календарот за натпреварување од вториот дел од првенството односно од дванаесеттото коло.Календарот за натпреварување предвидува Првата лига во сениорска женска конкуренција да започне една седмица подоцна (26. јануари).

Во првото пролетно односно 12.коло во сезоната 2018/2019, тимот на ЖКК Вардар ќе гостува кај екипата на ЖКК Пелистер во Битола. Избраничките на Жаклина Стојановска ќе атакуваат на победа и задржување на втората позиција на која завршија оваа есен.