Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките на Ѓорче Вардар го освоија зимскиот турнир кај генер 2006/07, РК Делчево “сребрен“
Девојките на Ѓорче Вардар го освоија зимскиот турнир кај генер 2006/07, РК Делчево “сребрен“

Девојките на Ѓорче Вардар го освоија зимскиот турнир кај генер 2006/07, РК Делчево “сребрен“

Во конкуренција на шест екипи во женскиот дел на зимскиот турнир кај генер. 2006/07, во големото финале  се сретнаа екипите на РК Делчево Вардар и тимот на РК Ѓорче Вардар. Скопскиот тим во ова финале на Зимскиот турнир дојде до победа со резултат 13-6. Ѓорче Вардар е нов освојувач на златото на зимскиот турнир организиран од Академијата на РК Вардар.

c4

Првиот дел почна со доминација на Ѓорче Петров кој успеа да поведе со 1-0, а потоа и со 2-0. Таа предност беше на сила се до 9.минута, се играше тврд и жесток ракомет. Тимот од Делчево успеаа да погоди за 2-1 во 9.минута. До крајот доминираа ѓорчепетровки тие погодија уште два пати за предност од 4-1 на полувремето. Можеа да водат и повеќе, но пропуштија еден зицер и еден пенал. Првиот дел изобилуваше со многу борба, и малку погодоци.

c5

Вториот дел започна повторо со доминација на тимот на Владимир Радиќ, тие по првиот напад успеаа да поведат со 5-1 и најавија победа.  Се играше пороа гол за гол, двата тима постигнаа по два гола во мрежата на ривалот па на средината од вториот дел на ова финале скопскиот тим водеше со 7-3. Тимот од западната страна на Скопје го контролираше во целост финалето, тие во последните 5.минути влегоа со високи пет гола позитива на нивното конто, резултатот беше 9-4 во нивна корист. Со тоа најавија дека ќе дојдат до златото на овој турнир. Се до крајот беше рутина, победата дојде со резултат 6-13.

c1

На тој начин екипата на Ѓорче Петров го освои зимскиот турнир, во женскиот дел кај генерацијата 2006/07. Второто место е за Делчево, третото за Кале од Кичево, додека на четвртото место се најде екипата на Ново Лисиче. Петтото место им припадна Драчево, додека на шестата позиција се пласираше екипата на Кисела Вода.