Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (Фотогалерија) Познати и последните победници на зимскиот турнир, доделување на медали и трофеи за најдобрите
(Фотогалерија) Познати и последните победници на зимскиот турнир, доделување на медали и трофеи за најдобрите

(Фотогалерија) Познати и последните победници на зимскиот турнир, доделување на медали и трофеи за најдобрите

Познати се и последните победници на 5.издание на зимскиот ракометен турнир во организација на Вардар, “Еден живот, една љубов. Во четвртокот и петокот активни беа натпреварите, во машкиот дел кај генерацијата 2008/09 и во женскиот дел кај генерацијата 2006/07. Екипата на Кубалибре Седмерец е победник во машкиот дел, додека второто место им припадна на Кисела Вода, а на третата позиција заврши екипата на Бисинов 1. Женската екипа на Ѓорче Петров е победник кај генерацијата 2006/07 откако во големото финале беа подобри од екипата на Делчево. Третото место им припадна на Кале, додека на четвртата позиција заврши тимот на Ново Лисиче.

На завршната церемонија се доделуваа трофеи и медали за најдобрите екипи, како и поединечни награди.Погледнете фотографии од завршната церемонија.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20