Изминативе два дена се одигра и последниот дел од младинскиот ракометен турнир “Еден живот, една љубов„ по што ги дознавме победниците во уште две возрасни генерации. Во машкиот дел кај генерација 2008/09 првото место им припадна на Кубалибре Седмерец од Охрид, додека во женскиот дел кај генерација 2006/07 шампион е екипата на Ѓорче Петров.
По одигрување на финалните натпревари се доделуваа и поединечни награди за најдобар стрелец, голман и играч.
Во машкиот дел за најдобар стрелец беше прогласен играчот на Бисинов 1, тоа е Филип Велковски кој на целокупниот турнир постигна 17 голови.
Признанието за најдобар голман го доби Бојан Крстевски од шампионската екипа на Кубалибре Седмерец,
додека најдобар играч на завршниот турнир доаѓа од екипата на Кисела Вода, тоа е Трајче Костов.
Ива Несторовска од екипата на Ѓорче Петров беше прогласена за најдобар стрелец и играч на завршниот турнир, додека наградата за најдобар голман ја доби Сара Илиоска од екипата на Кале Вардар.
Наградите ги доделуваа Индира Кастратовиќ, Симе Симовски и Марија Папуџиева.