Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонско-руска пресметка на СП, вардарците меѓусебно едни против други
Македонско-руска пресметка на СП, вардарците меѓусебно едни против други

Македонско-руска пресметка на СП, вардарците меѓусебно едни против други

Денес со почеток од 13:00 часот македонската ракометна репрезентација го започнува разигрувањето за пласман на Светското првенство. Прв противник на Македонија ќе биде селекцијата на Русија, која исто така заврши како четвртопласирана во својата група.

Денешниот дуел ќе биде и пресметка на неколку играчи од редовите на Вардар. Во составот на Македонија ќе бидат Стоилов и Попвски, додека во таборот на Русија се дури четворица вардарци. Тоа се Дибиров, Шишкарев, Калараш и Кисељев. На клупата на “зборнаја„ се наоѓа спортскиот директот на РК Вардар, тоа е Едуард Кокшаров, додека негов помошник и Дејан Периќ, кој работи пак како тренер на голманите во Вардар.

Сигурно не очекува еден интересен меч, на кој ќе бидиме многу ракометари и стручни лица кои настапуваат во Вардар.