Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Кубалибре Седмерец од Охрид е шампион на турнирот “Еден живот, една љубов, кај генер.2008/09
РК Кубалибре Седмерец од Охрид е шампион на турнирот “Еден живот, една љубов, кај генер.2008/09

РК Кубалибре Седмерец од Охрид е шампион на турнирот “Еден живот, една љубов, кај генер.2008/09

Денес во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје финишираше турнирот “Еден живот, една љубов„ во машкиот  дел кај генерацијата родени 2008/09 година. На турнирот се натпреваруваа вкупно пет екипи, кои играа по системот “секој против секого„. На крајот првото место им припадна на РК Кубалибре Седмерец од Охрид кои освоија максимален број на освоени бодови.

1

Во првиот утрински дуел РК Бисинов-2 Вардар беше совладан од  тимот на РК Седмерец Вардар од Охрид со резтат 10-8. Охриѓани отворија на почетокот со 2-0, а ривалот со еден погодок ја преполови нивната предност. Екипата на Седмерец имаше повеќе од играта во првиот дел  па на пауза дуелот го однесоа со четири гола предност. На семафорот стоеше 6-2 за време на одморот.

2 3

Во вториот период тимот на Бисинов-2 Вардар успеа да се врати во игра, беше дури и подобар противник, сепак не успеа да извади поволен резултат. Тие во овој период имаа шест погодока во мрежата на противникот, апак примија само четири. Сето тоа беше доволно само да се преполови разликата и беа поразени со резултат 10-8.

4

Екипата на РК Бисинов-1 Вардар пак дојде до победа си исти резултат 10-8, тие го совладаа тимот на РК Ангели од Скопје. Велешани  на почетокот губеа со 0-2, а потоа и со 4-1 од скопскиот тим. Успеаа во финишот на првиот дел да се доближат и на одмор да заминат со гол негатива, 5-4.

5 6

На стартот на вториот дел успеаа и да изеднаат на 5-5, по што видовме уште две резултатски симетрии 6-6 и 7-7. До крајот екипата од Велес, Бисинов-1 успеа со серија 3-1 да дојде до триумф. На семафорот во салата “Јане Сандански“ стоеше 10-8 за екипата од градот на Рацин.

7

Во третиот дуел во оваа категорија тимот на РК Кисела Вода Вардар триумфираше во средбата со РК Бисинов-2 Вардар со минимлани 9-8. Бисинов поведе во првиот дел, најпрвин 1-0, а потоа на средината од полувремето и со 3-1. Со серија 1-3, момците на РК Кисела Вода го однесоа натпреварот на одмор со реми, 4-4.

8 9

Иста серија направија и во вториот дел, повторно со три дадени голови, а само еден примен Кисела Вода се одлепи. Тие поведоа со 7-5 и најавија победа на оваа средба од зимскиот турнир во машка конкуренција. Бисинов-2 Вардар во финишот нападна, но не успеа да извлече позитивен ефект. Тие беа поразени со еден гол на мечот односно со 9-8.

b4

РК Вардар Кубалибре Седмерец  трмфираа во средбата со РК Бисинов-1 Вардар со резултат 11-5. Најпрвин велешани поведоа со 2-0, на самиот почеток тие доминираа на оваа средба. Потоа игрaше само еден тим, оној од Охрид. Тие направија неверојатна серија 5-0 со која отидоа на пауза со предност од 5-2.

b b3

Вториот дел започна со 5-1 за тимот на РК Вардар Кубалибре Седмерец  од Охрид со која отидоа на високи 10-3, по што веќе беше познат победникот. До крајот тимот на РК Бисинов-1 успеа само да ја намали разликата и беше поразен со шест гола од ривалот.

На последниот натпревар кај оваа генерација се сретнаа екипите на Ангели и Кисела Вода. Во еден неизвесен натпревар, како победник излезе екипата на Кисела Вода Вардар, која славеше минимално со резултат 9:10. Во текот на целото прво полувреме се играше гол за гол и ниту една од екипите немаа поголемо водство од еден гол. На полувреме резултатот беше нерешен 5:5.

50110632_2029437877103048_5652153369280643072_n 50309966_2029437887103047_4161937070622769152_n

На стартот на вториот дел, екипата на Ангели сврза два гола и поведе со 7:5. Во тие моменти се чинеше се дека се поблиску до победата. Сепак следеше фантастична серија за екипата на Кисела Вода од 0:4, со што го сврте мечот во своја корист и поведе со 7:9. До крајот на мечот ја одржаа оваа предност и успеаа да слават со резултат 9:10.

Вака изгледа конечниот пласман на екипите кај генерацијата 2006/07. Првото место со четири победи од исто толку натпревари му припадна на Кубалибре Седмерец од Охрид.

1. Кубалибре Седмерец

2. Кисела Вода

3. Бисинов 1

4. Ангели 4

5. Бисинов 2