Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Ф4: ЖКК Вардар М16 денес го игра 1/2-финалето
Ф4: ЖКК Вардар М16 денес го игра 1/2-финалето

Ф4: ЖКК Вардар М16 денес го игра 1/2-финалето

Оваа седмица, следува финалниот турнир во М16 лигата во женска конкуренција.

Ќе биде во организација на Македонската кошаркарска федерација, а натпреварите ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Првото полуфинале, во кое ќе играат екипите на Бадел 1862 и Струга 2009 е закажано за 6. јуни (вторник) со почеток од 17.часот. А нешто подоцна, од 19.30 часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Вардар и на МЗТ Скопје Аеродром.

Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 7. јуни (среда) од 19.30 часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 25.000 денари.

Натпреварот за третото место е предвиден за 7. јуни (среда), од 17.часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 15.000 денари, додека поразениот тим во „малото финале“ ќе добие 10.000 денари од вкупниот награден фонд од 80.000 денари кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.

M16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

6.ЈУНИ (ВТОРНИК)

ПОЛУФИНАЛЕ

17.00: Бaдел 1862 – Струга 2009 (1)

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/6WGWWcz-f2s?feature=share

19.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром (2)

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/kWpuzAdq_XA?feature=share

7.ЈУНИ (СРЕДА)

17.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)

19.30: Финале (победник 1) – (победник 2)

* Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје