Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар М12 со “бронза” на Ф4
ЖКК Вардар М12 со “бронза” на Ф4

ЖКК Вардар М12 со “бронза” на Ф4

Во натпреварот за третото место на завршниот турнир, Вардар беше подобар од домаќинот на овој турнир, Крива Паланка…

ЗА ТРЕТО МЕСТО

КРИВА ПАЛАНКА – ВАРДАР       55:83

(14-10; 15-22; 11-22; 15-29)

КРИВА ПАЛАНКА: Грчевска 25, Стојановска, Цветковска 8, М. Велковска 6, Стојчевска 3, Ѓорѓиевска 2, Митовска, Б. Велковска 2, Стојановска 4, Бошковска 2, Николовска, Павловска 3;

ВАРДАР: Ристеска, Димитровска 5, Начевска 8, Пислевска 35, Стојановска 2, Костова 4, Трајковска 18, Столеска, Николиќ, Гиновска 3, Ефтовска, Илиевска 4, Стефковска 4;

Освен во првата четвртина, „вардарки“ беа подобар противник од домашната екипа. Девојчињата од Крива Паланка одржуваа каков-таков резултатски приклучок во првото полувреме, во кое Вардар поведе со (32:29).

Но во второто полувреме, младите кошаркарки на Вардар доминираа во целост. По убедливите (22-11) во третата четвртина, се одвоија на високи (54:40), па последниот период беше само одработување на задачата

Вардар го доби бронзените медали, во голема мерка и поради одличниот поентерски настап на Пислевска, која средбата ја заврши со 35.поени, и на Трајковска која имаше уште 18 во победничката екипа.

Кај Крива Паланка, далеку напред, со 25.поени беше одличната Грчевска.