Викендов, тимот на Јехона организираше пријателски турнир за кадетки, на кој покрај домаќинот учествуваа и екипите на Ѓорче Петров, Вардар и Деспина. Вардарки одиграа два дуели во кои не дојдоа до победа. Сепак имаа поединечна награда.
Најдобар стрелец на турнирот беше Леона Миленковска од Вардар.