Во недела на 4 јуни во Охрид традиционално по 7 пат се одржа атлетската манифестација Охрид Трчат. На програмата беа 2 трки на 5км и полумаратон 21.097км. Свое учество зедоа околу 1800 натпреварувачи од 27 држави.
Единствен наш претставник беше Петре Завировски. На катастрофални амбиентални услови за трчање, многу топло со силно сонце нашиот Завировски истрча солидна трка. Патеката во Охрид не е брза бидејки 2 пати се трча до горна порта.
Завировски успеа 21 километарската патека да ја претрча за 1:33:17. Полека, но сигурно ја бруси формата за вториот дел на сезоната. Во овој период јуни и јули Завировски нема да настапува. Ќе одработи подготовки за вториот дел на сезоната. Некаде во август ќе започне со настапи.