Wednesday ,17 January 2018
Последни:
Home > Останати спортови > Борење > Борење! Вардар со своите надежи денес и утре ќе настапи на меѓународен турнир во Белград, “Победник“ за деца и кадети
Борење! Вардар со своите надежи денес и утре ќе настапи на меѓународен турнир во Белград, “Победник“ за деца и кадети

Борење! Вардар со своите надежи денес и утре ќе настапи на меѓународен турнир во Белград, “Победник“ за деца и кадети

Во последните недели во оваа  календарска година БК Вардар има(ше)  две меѓународни активности. Светско првенство за сениори У-23 и меѓународен турнир во Белград, “Победник“ за деца и кадети кое ќе се одржи денес,  на 2.декември.  За главниот град на Србија, Белград заминувањето на младите таленти е предвидено беше и се реализираше денес рано наутро  со цел да стигне експедицијата благовремено за предвиденото мерење во 9-00 часот, веќе другиот ден по крајот на борбите вардарци се враќаат за Скопје.

j

За Белград  заминаа осум момчиња и две дами заедно со останатиот тим.  Составот со кој ќе се преставиме е следен:

Матеј Неделковски (25кг) 2008година, Александар Бошковски (33кг) 2006 година, Марио Савевски (36кг) 2006година, Кристијан Славевски (65кг) 2005, Стефан Димчевски (74кг) 2004 година, Шаќир Бислими (45кг) 2005 година, Идризи Идар (53кг) 2001, Рамазан Гаџиханов (63гк) 2000 година.

j4 j2

Од раководството и стручните лица ќе патуваат: Мирко Димчевски-Директор, Љубомир Лазаревски-секретар, Далибор Милановски-претседател и Игор Неделковски-тренер. Гостин ќе биде и тренерот професот Љубиша Пешко со своето семејство како и Џемиле Гаџиханова со семејството.