Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Билети за дуелот со Кристијанштад на влезот пред нашата трибина по 50 денари
Комити: Билети за дуелот со Кристијанштад на влезот пред  нашата трибина  по 50 денари

Комити: Билети за дуелот со Кристијанштад на влезот пред нашата трибина по 50 денари

Комити во веста на нивната официјална страница за денешниот ракметен натпревар на РК Вардар велат:

Победничката низа продолжува во нашиот ракометен храм…
Ги носиме на нашите крилја Шампионите, неприкосновени и неоспорени…
Го живееме сонот, и почнавме да сонуваме веќе еден нов, или Де Жа Ву на оној кој го сонувавме откако памтиме за себе…
Овој тим има Шампионски ген, инстикт на предатор кој тежнее да остане на врвот на ланецот, знае што сака, знае како да дојде до целта, и се храни со Победите, се опива од нашата радост, а најголем десерт му е нашата поддршка, нашиот адреналин и моментите кога лудуваме на трибините…
Овој титан заслужува секогаш да е нахранет, напиен и да има десерт во изобилие!!!
Затоа да ја наполниме салата, да го направиме густ нашиот коп, и да почне лудилото!!!
СИТЕ ВО САЛА!!!
Карти за Комити пред наша трибина, за едно 50-че, затоа што ќе се најде на нашите членови на кои им е густо и повеќе од потребно!!!
Влез од 16:30ч.
#Институција #ЦрвеноЦрнаАрмија #ИКрвтаСвојаЗаЦрвеноЦрнатаБоја