Со натпреварот Германија- Камерун стартуваше светското ракометно првенство за жени, чиј домаќин е токму Германија, која издвојуваше победа на стартот на Мундијалот и тоа убедливо со резултат 28:15. Вкупно 24 репрезентации поделени во четири групи од по шест селекции ќе се борат за еден од медалите на ова светско првенство во Германија. Првите четири пласирани од секоја група ги продолжуваат настапите во следната рунда.
Вардар на овој мундијал ќе го претставуваат шест ракометарки, кои ќе настапат за своите репрезентации. Амандин Лејно и Александра Лакрабер ќе ги гледаме во дресот на Франција, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ ќе играат за Србија, како и Јованка Радичевиќ единствената од Вардар во репрезентацијата на Црна Гора. Во текот на денешниот ден тие ќе ги одиграат и првите натпревари на овој мундијал. Србија ќе се сретне со Кина, Франција ќе игра против Словенија, додека Црна Гора за противник ја има селекцијата на Данска.
Очекуваме добри игри од Вардаровите ракометарки и секако на крај освојување на еден од медалите на мундијалот во Германија.