Могамедгаџи Нуров (97 кг) остана без бронзен медал на три секунди до крајот на Европските игри во Минск, Белорусија. Во борбата за бронзата загуби со 1-3 од домашниот борач Алекасандар Хуштин (Белорусија). До тие три секунди резултатот беше 1-1, а нашиот борач во 44 секунди до крајот беше поактивен. На крајот тргна во акција на се или ништо и кога се чинеше дека ќе поентира Хуштин се извлече и му направи конраакција од која зарботи два поени.
Ова тешко му падна на Нуров, па крајот го дочека со солзи во очите.
Инаку прв поведе Хушин 0-1 со казнен поен за некактивност, а Нуров изедначи во втората рунда со акција на истуркување. Нуров го освои петото место, досега тоа е најдобриот резултат на некој наш спортист на Игрите.
Погледнете ја битката за бронза на следното видео.