Кугларскиот клуб Вардар за новата сезона 2019/2020 година се засилува со играч од странство. Станува збор за српскиот интернационалец Милош Миливоевиќ.
Овој играч доаѓа од хрватскиот тим Медвешчак, во редовите на црвено-црните. Со неговото пристигнување додатно ќе се засили ростерот на тимот кој оваа сезона заврши на треттата позиција во Македонската кугларска лига и Купот на Република Македонија во Куглање.