Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ФОТОГАЛЕРИЈА) ФК Вардар означи старт на подготовките за новата сезона, Васоски ги собра вардарци

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ФК Вардар означи старт на подготовките за новата сезона, Васоски ги собра вардарци

Фудбалскиот клуб Вардар попладнево на спортскиот комплекс во населбата „Хиподром“ означи старт на подготовките за новата сезона. Шефот на стручниот штаб, Александар Васоски заедно со неговите помошници, Златко Таневски и Раденко Бојовиќ ја имаа првата прозивка, на која беа присутни голем дел од играчите, кои настапуваа во црвено-црниот дрес во сезоната која измина. На собирот ги немаше Вилијам Лира, Кларенс Битанг, Коста Манев, Леовигилдо Жуниор Реис Родригез   и Хуан Фелипе додека присутни беа и играчи од младинската школа на клубот. Голема е можноста и во новата сезона Жуниор да биде дел од клубот, додека под знак прашалник е Битанг. Повратници исто така се играчите кои изминатиов период беа на позајмица во други екипи, се работи за Оливер Дишлиевски и Никола Серафимов.

Редакцијата на Вардар Фанс беше присутна на првиот тренинг, од кој ви донесува фотографии.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25