Лидерот на втората кошаркарска лига, КК Вардар во рамки на 16.коло кое е на програмата овој викенд ќе биде домаќин во малата сала „Кале“.
Црвено-црните ќе ја пречекаат екипата од градот Велес, тимот на КК Борец Баскет. Дуелот е закажан за утре, сабота (25/01/2023) со почеток во 18-00 часот. За судии на оваа средба се делегирани следните делители на кошаркарската правда: В.Крстевски и П.Петровски и Д.Петровски.