Нашиот, Петре Завировски утре, во сабота ќе го има својот прв настап оваа сезона. Ова ќе биде 14-та сезона во дресот на АК Вардар.
Сезоната ќе ја започне на трка на 5 километри “United Runners Skopje”. Станува збор за шампионат на улични трки во должина од 5км. Стартот е закажан во 8-30 часот „Kај жабарот“. Патеката е добро позната, се трча во правец до хотелот Александар Палас и назад. Да потсетиме Завировски имаше одлична сезона во која оствари исклучително добри резултати на 5км и 10км. Во новата сезона очркуваме да го задржи нивото од минатата сезона. Веќе искусниот 29 годишен атлетичар на Вардар со 14 сезони зад себе во црвено црниот дрес ја продолжува својата кариера како атлетичар на Вардар. Во многу наврати има потенцирано дека никогаш нема да настапи за друг клуб освен Вардар.