Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар 1961 убедлив со РК Бутел Скопје, Манасков двоцифрен
РК Вардар 1961 убедлив со РК Бутел Скопје, Манасков двоцифрен

РК Вардар 1961 убедлив со РК Бутел Скопје, Манасков двоцифрен

Денес во рамки на 3.коло од плеј-офот за титула, на домашен терен Вардар се сретна и високо го совлада тимот на РК Бутел. Црвено-црните на средбата во СЦ „ Јане Сандански“ дојдоа до победа со резултат  36:18.

Гостинот отвори рамноправно, најпрвин беше 3-3, потоа со два врзани гола поведе и со 3-5. Следуваше серија 4-0 на актуелниот шампион со која направиме пресврт и поведовме со 7-5. Вардарци ги земаа „конците “ во своите раце,  од минута во минута ја зголемуваа предноста па на одмор заминаа со резулта, 16:8. Вториот дел беше само рутина за црвено-црните, во овој период Недановски даде шанса на целиот ростер. Победата дојде со убедливи 18.гола, односно со резултат 36-18.

Кај нас прв стрелец беше Дејан Манасков,  интересно е дека тој постигна 11 гола, а играше само во второто полувреме.