Најмладите вардарци во периодот од 6-ти до 13-ти август се дел од летен камп “Радост“ во Охрид. Децата на БК Вардар се предводени од тренерот Игор Неделковски и потпредседателот Александар Рангелов, тие ќе работат на општофизичка подготвеносот, запознавање со другите спортови и активно оспособување и развивање на пливачките способности.