Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Историја > Две години без нашиот Пандо, почивај во мир вардарецу
Две години без нашиот Пандо, почивај во мир вардарецу

Две години без нашиот Пандо, почивај во мир вардарецу

Денес пред две години  овој свет го напушти и се премести во вечноста нашиот вардарец Александар Пандовски – Пандо. За жал нашиот брат не ја издржа најважната битка во својот живот. Тој полани на денешен ден почина на една од скопските клиники по повредите здобиени во собраќајната несреќа.

Пандо е дете на Вардар кој ги минал младите категории и истиот го носеше својот Вардар во срцето. Пандо играше за црвено – црните годината кога испаднавме годината кога немаше пари во нашиот клуб Вардар, Пандо беше и годината потоа во Вардар кога се закитивме со титулата по голема пауза. Потоа замина во некој други мак.клубови нормално не по своја воља неговата воља беше да игра до пензија за својот Вардар. Редакцијата на Вардарфанс вечно ќе го помни Пандо, тој често контактираше со нас во времето кога беше во Вардар, ама и потоа кога беше во други клубови и секогаш темата како на вистински вардарци ни беше црвено – црниот клуб.

f

Времето поминува, ние не те заборавивме другар. Вечна слава почивај во мир.