Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ви го претставуваме Нант, еден од противниците на Вардар во групата А од ЛШ, за кој ова е втора сезона во најголемото натпреварување
Ви го претставуваме Нант, еден од противниците на Вардар во групата А од ЛШ, за кој ова е втора сезона во најголемото натпреварување

Ви го претставуваме Нант, еден од противниците на Вардар во групата А од ЛШ, за кој ова е втора сезона во најголемото натпреварување

После претставувањето на Рајн-Некар, Барселона и ППД Загреб, следен противник кој ќе го анализираме а е дел од најсилната група А заедно со европскиот шампион е тимот на Нант. За екипата од Франција ова ќе биде втора сезона во најголемото ракометно натпреварување. Интересно минатата сезона за Нант беше прва во лигата на шампионите, каде успеаа да стигнат во најдобрите осум екипи. Во сезоната 2015/16 успеваат да го освојат третото место во првенството на Франција и на тој начин да обезбедат пласман во групите од ЛШ. Минатата сезона беа дел од послабите групи во ЛШ, каде освоија прво место, што значеше директен судир во осминафиналето со еден од нивните најголеми ривали во домашното првенство, екипата на ПСЖ. На домашен терен одиграа со нерешен резултат, додека беа поразени на гостувањето, со што заврши за нив успешната дебитанска сезона во најголемото натпреварување.

vardarfans-podgotovki

Се работи за многу квалитетен тим, кој создава големи проблеми на противничките екипи. Со оглед дека во тимот настапуваат репрезентативни играчи, како шпанците, Едуардо Гурбиндо, Давид Балагер, потоа репрезентативците на Франција, Николас Клер, Оливие Њокас и Кирил Думулин, како и Босанецот, Сенјамин Буриќ и секако едно од најголемите засилувања за минатата сезона, долгогодишниот играч на Кил, крилото Доминик Клајн, говори дека се работи за екипа составена од квалитетни и пред се искусни ракометари. Ако на нив се додаде и новото засилување во новата сезона, капитенот на Македонија и сигурно еден од најдобрите десни бекови во последниве наназад многу години, Кирил Лазаров, сигурно дека Нант ќе биде еден од претедентите за највисок пласман во најсилната група А, а зошто да не и една од екипите која претендира за најдобрите осум екипи во ЛШ. Покрај Лазаров, екипата уште ја засилија и Жулиан Емоне кој дојде од Данкерк и Рудолф Фалувеги. На овој состав се уште и неколку домашни играчи, кои се желни за напредок и докажување.

Во сезоните 2012/13 и 2015/16, екипата на Нант стигнува до завршниот турнир и финалниот меч на ЕХФ купот, каде во големото финале е совладан од Рајн -Некар и од Гепинген. Најефикасен играч во дебитантската сезона во ЛШ, беше средниот бек Николас Клер, кој постигна 68 голови, додека веднаш зад него беше репрезентативното десно крило на Шпанија, Давид Балагер, кој впиша 58 голови.  Нант е актуелен освојувач на националниот куп каде во финалето го победи тимот на Монпелје, што му овозможи директно учество во ЛШ, за оваа сезона. На истиот е сопственик и од пред две сезони, кога исто така триумфираше во ова натпреварување. На тој начин Нант ќе има можност за прв трофеј на стартот на сезоната, каде во периодот од 1и 2-ри август ќе се обиде да го освои супер купот на Франција, “односно “Трофејот на шампионите„ на кој ќе учествуваат уште и шампионот, ПСЖ, потоа Монпелје и Сант Рафаел.

Вардар и Нант ќе се сретнат веќе во второто коло, каде црвено-црните ќе бидат домаќини, во периодот од 20-24-ти септември, додека вториот дуел на овие две екипи е во рамките на претпоследното коло од групата А.