Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Балотели заминува за Катар, вардарци ќе бараат друг напаѓач
Балотели заминува за Катар, вардарци ќе бараат друг напаѓач

Балотели заминува за Катар, вардарци ќе бараат друг напаѓач

Фудбалскиот клуб Вардар најверојатно останува без услугите на Џонатан Балотели. Фудбалерот од нападот има нов клуб. Според “Македонски спорт“ тој  заминува во Катар каде што ќе треба да ги среди сите детали, и да потпише во некој од тамошните прволигаши. Според информациите, станува збор за добра сума која што Вардар ќе ја заработи од трансферот на својот голгетер.

Ова би  значело дека шампионот останува без својот напаѓач во двата меча против Фенербахче. Бразилецот Балотели дојде во Вардар во текот на минатата сезона, особен печат  остави со гол од волеј  против Копенхаген кога го реши победникот во Скопје. Понатака се вели во веста дека Вардар можеби ќе ангажираат ново име во своите редови пред дуелите со Фенер, како и на почетокот од новата сезона.