Thursday ,18 August 2022
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Вардарецот Егоров “златен“ на турнирот “Јозеф Свобода“ во Батислава – Словачка
Борење! Вардарецот Егоров “златен“ на турнирот “Јозеф Свобода“ во Батислава – Словачка

Борење! Вардарецот Егоров “златен“ на турнирот “Јозеф Свобода“ во Батислава – Словачка

Владимир Егоров (-61 кг) борачот на БК Вардар  освои златен  медал на Меморијалниот турнир во борење „Јозеф Свобода“ во Батислава – Словачка. Егоров во финалето се сретна со македонскиот борач Елмедин Сејфулаху, на кого му припадна сребрениот медал.

egorov2

Владимир Егоров  настапи во категорија до 61 кг, по убедливите победи во првите две кола се пласира во финалето и таму се бореше со Елмедин Сејфулаху од Лирија. Егоров и во финалето беше убедлив и дојде до “злато“. На овој турнир дуелите  се одвиваа по нордиски систем, односно и со пораз натпреварувачите имаат уште борби и можат да стигнат до висок пласман. На турнирот „Јозеф Свобода“ во Батислава – Словачка учествуваа борачи од 10 земји.