Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Бајрамовска во дресот на Вардар
Бајрамовска во дресот на Вардар

Бајрамовска во дресот на Вардар

ЖРК Вардар го доби второто засилување за новата сезона. Од денеска официјален договор со шампионот на Македонија потпиша уште еден играч на македонската репрезентација. По Јована Саздовска, Бајрамовска го засилува нашиот тим.

Бајрамовска со Вардар се договори на едногодишен договор. Бајрамовска доаѓа од редовите на Крим од Словенија, каде настапуваше последните три сезони.

„Взаемниот интерес за соработка е клучот на мојата одлука да потпишам за Вардар, а можеби и тука да ја завршам кариера. Секој спортист сака да биде првак на Европа и да ја освои лигата на шампионите, а тоа може само со неколку клубови во Европа, а меѓу нив е Вардар.

Уште поголем императив е со македонски клуб да се борам за титулата во ЛШ, и би сакала и јас да дадам свој придонес во тоа. Секогаш сакам да бидам во клуб каде професионализмот е на прво место, и кога секој си ги извршува задачите, резултатите се неизбежни.

Инфраструктурата и условите што ги има Вардар се најдобри во Европа. Сакам да се заблагодарам на менаџерскиот тим на Вардар и сопственикот Сергеј Самсоненко за укажаната доверба за која максимално ќе се посветам да ја оправдам со моите настапи, изјави Мирјета Бајрамовска за клубскиот сајт на Вардар.