Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > „Бронзениот“ од СП, Нуров е во Скопје, следи прием во Агенцијата за Млади и спорт

„Бронзениот“ од СП, Нуров е во Скопје, следи прием во Агенцијата за Млади и спорт

ПЕШКО-НУРОВ-ИБРАГИМОВ

ПЕШКО-НУРОВ-ИБРАГИМОВ

 

Вардаровиот борач, Нуров пристигна околу пладне на скопскиот аеродром заедно со личниот тренер, олимпиецот Могамед Ибрагимов. Момчето кое конечно по 12.години на Светското првенство во Казакстан успеа да обезбеди олимписка норма пристигна во македонската метропола.

Истиот беше свечено пречекан, првите честитки ги доби од неговиот ментор и тренер проф.Љубиша Пешко. Заедно со себе тој го донесе и „бронзениот“ медал од СП, големото признание за квалитетната и правилната работа во црвено-црниот боречки тим, нешто  што ја израдува Македонија. По пристигнувањето се очекува да замине на прием во Агенцијата за млади и Спорт на Република Македонија каде ќе биде свечено примен од дирекорот на оваа државна инситуција.