Лидерот на табелата во ПМФЛ, тимот на Вардар, заслужува голема поддршка од навивачите по феноменалните игри и лидерското место. На играчите на Александар Васоски им е потребна голема поддршка на утрешниот Куп дуел против Шкендија за продолжување на победничката серија без пораз и во Купот на Македонија.
Вардарци пред утрешниот дерби натпревар се свесни дека не треба да се залетуваат премногу и дека има и реванш, но не ја кријат големата мотивираност да докажат уште еднаш дека оваа сезона се и те како опасни, иако многумина ги отпишаа на уште непочнат шампионат.
Жуниор, Аврамовски, Серафимов и останатите играчи играат во одлична форма, но бараат и поддршка од трибините за како што се вели „ветер во грб” за уште една победа во низа, со што би биле чекор поблиску до пласман во 1/4 финалето на Купот, натпреварување кое Вардар го нема освоено од многу одамна.
Дојдете утре на стадион заедно да навиваме за нашиот тим и да се радуваме на крајот на уште една добра фудбалска претстава и голема победа.