Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гедбан одличен, Вардар го победи Нексе и стигна до вториот триумф во СЕХА-лигата
Гедбан одличен, Вардар го победи Нексе и стигна до вториот триумф во СЕХА-лигата

Гедбан одличен, Вардар го победи Нексе и стигна до вториот триумф во СЕХА-лигата

Вардарци ја забележаа и втората победа, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански ја победија екипата на Нексе.

Првите два гола за Вардар ги постигна еден ист играч се работи за Дибиров, во првата и дури во осмата минута од мечот. Откако Нексе го израмни резултатотот на 1:1, следеше период од шест минути во кој и двете екипи не успеаа да го пронајдат патот до мрежата. Со многу промашени удари на двете страни и со неколку одбрани на двата голмани се одвиваше првото полувреме, во кое и двете екипи се менуваа во водство. При предност на црвено-црните од 9:8, следеше лош период во нашата игра, во кој му дозволиме на Нексе да направи серија од 0:4 и да поведе со највисоки 9:12 во 24 минута. Со препознатливиот карактер на вардарци, кои никогаш не се откажуваат, успеваме со мини серија од два погодоци, дело на Дибиров и Кристопанс да намалиме на 11:12, за до крајот на првото полувреме, односно во последните секунди со голот на Чупиќ да го израмниме резултататот на 14:14. Дибиров и Дисингер беа играчите во нашите редови кои постигнаа по 4 голови, додека исто толку одбрани на голот ги имаше Гедбан.

Во првите осум минути од второто полувреме гледавме израмнета игра со гол за гол на двете страни, ниту една од екипите не се стекна со разлика која можеше да им донесе мирен продолжеток на натпреварот. Иако имавме можност за плус два гола, не успеваме да погодиме преку Дибиров, а потоа и Шишкарев, како и Дисингер кој не успеа да го совлада противничкиот голман. Гледавме натпревар со многу грешки на двете страни, голем број на промашувања кои не се карактеристични за актуелниот Шампион на Европа и СЕХА-лигата. Конечно вардарци врзуваат три гола во серија, најпрво со првиот погодок на Пелко, а веќе во следната минута со два погодоци на Дибиров за прв пат на мечот стигнавме во највисоки 21:18 во 43 минута од натпреварот. Гледавме добар период за избраниците на Писонеро, во кој Нексе не успеава цели пет минути да постигне гол, додека Горбок со својот прв гол носи зголемување на 22:18. Се разбрани и Гедбан на голот, алжирецот веќе стигна до својата деветта одбрана, а во нападот повторно погодува Пелко за највисоки 23:18 во 46 минута. Нексе се врати за момент во игра кога успеа да постигне два гола и да намали на 23:20, но Гедбан со нова одбрана спречи противникот да се доближи и на два гола. Ја вративме онаа најголема предност, кога погодивме преку Шишкарев и Дисингер за 25:20, додека Гедбан стигна и до својата 13.одбрана. Во игра ги видовме и младите Карапалевски кој асистираше до Ќосевски, а десното младо крило постигнува гол за водство од 27:22. До крајот на мечот, Нексе го намали резултатот на 27:25.

Гедбан имаше 15 одбрани, додека Дибиров постигна 9 голови. Следен меч за Вардар е гостувањето кај екипата на Мотор Запорожје во ЛШ.