Кошаркарите на Вардар претрпеа уште еден пораз во лигата. Изминатиов викенд подобар тим од нашиот беше Охрид АВ кој победи во Скопје со резултат 80-93 (13-28,23-17,18-25,26-23).
Победникот на овој натпревар беше решен уште по првата четвртина. Првиот период гостинот од Охрид го доби со дури 15 поени разлика. Втората четвртина Вардар ја одигра нешто подобро и ја доби со резултат 23-17. Но, толку траеше отпорот на вардарци, третата четвртина гостинот исто така ја доби со седум поени разлика за недостижна предност до крајот на мечот. Во последниот период Вардар го ублажуваше поразот.
На овој натпревар буквално еден играч на Охрид го “уништи” нашиот тим. Девин Брукс го заврши натпреварот со 32 поени, 13 скока и пет асистенции, 15 поени запиша Михајловски а со по 14 поени мечот го завршија Донески и Милојевиќ. Во нашиот тим Калов одигра одлично, имаше 25 поени и девет скока, а Србиновски заврши со 19 поени и пет асистенции.