Во машката Супер лига тимот на Вардар јуниор забележа висок пораз на гостувањето во Велес кај тимот на Борец. Овој натпревар нашиот тим го загуби со резултат 38-25 (20-13).
Вардарци добро се држеа се до средината на првиот дел кога резултатот беше 9-7, потоа следуваше првата од двете серии на домаќините, па така на полувреме Борец замина со 20 постигнати голови во нашата мрежа, односно седум голови предност. Во вториот дел тимот на Борец ги казнуваше сите наши промашувања кои можеа да бидат лесни голови. И во второто полувреме потфрли нашата одбрана, примивме 18 голови. На овој меч немавме решение за Дарко Димитриевски кој постигна 10 гола.
Борец – Вардар јуниор 38-25 (20-13)
Борец: Димовски, Стојановски, Јаневски 1, Крстевски 8, Петровски, Блажевски, Димитриевски 10, Органџиев 2, Павловски 6, Лазаревски, Илиев 7, Игнов, Трајковски 2, Андовски 1, Давитковски 1.
ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Димов 1, Димовски 1, Георгиевски 2, Димитровски 1, Ангелов, Анастасовски 3, Ѓорѓески, Поповски 9, Трпчевски 2, Симиќ 1, Николовски, Манасков 2, Кукуловски, Филиповски, Ончев 3.