Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кој друг ако не она? МВП за Славица Наков, таа повторно го носеше Вардар до Куп круна
Кој друг ако не она? МВП за Славица Наков, таа повторно го носеше Вардар до Куп круна

Кој друг ако не она? МВП за Славица Наков, таа повторно го носеше Вардар до Куп круна

Вчера, во Гевгелија нашиот ЖКК Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија, третпат во низа во финалето го совлада Бадел. Избраничките на Жаклина Стојановска победија  резултат  40-50 (10-11, 13-15, 6-11, 11-13).  Најискусната на теренот, 33.додишната Славица Наков повторно беше нерешлива енигма за баделки, таа го во водеше својот тим кон победата.

3

Речиси половина поени беа нејзини, на оваа средба таа  запиша 23 поени. Сосема заслужено ја освои МВП- наградата за најдобар поединец во Купот на Република Македонија. Таа го повтори успехот личен и тимски од ланската сезона. Станува збор за искусна кошаркарка, на која младите ривалки сеуште неможе да и парираат.

 

4

 

фото: https://www.facebook.com/macedonianbasketball