Кошаркарите на Борец Баскет ја продолжија серијата на победи и пробивот кон горните позиции на табелата во Втората лига.
На свој терен во салата „Гемиџии“ во Велес, стигнаа негатива од 18. поени и славеа победа (69:63) против еден од фаворитите за највисок пласман, екипата на Вардар.
Ова е нивна осма победа во последните девет кола со која стигнаа до петтото место на табелата, со шанси уште повеќе да се приближат до погорни позиции.
Таму е екипата на Соколи 1933 која во ова коло без проблеми ја совлада битолска Хераклеа (104:81), Баскет кам, кој не дозволи изненадување на свој терне против ГКК Охрид (70:55).
Минимална победа во Струмица реализираа и кошаркарите на Шкупи (84:83), а победа, со која можеби и го обезбедија опстанокот во оваа конкуренција постигнаа и кошаркарите на Црн Дрим. Во директниот дуел за „бегство“ од позицијата број 11, го совладаа Гетекс ТТК со (79:66).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО
Соколи 1933 – Хераклеа 104:81
Борец Баскет – Вардар 69:63
Струмица – Шкупи 83:84
Црн Дрим – Тетекс ТТК 79:66
Баскет Кам – ГКК Охрид 70:55
Партизан Водно Санс – Чаир 2030 73 – 106
ТАБЕЛА: Чаир 2003 35 , Соколи 1933 31, Вардар 30, Баскет Кам 29, Борец Баскет 29, Шкупи 28, Струмица 25, Партизан Водно Санс 24 (-1), ГКК Охрид 25, Црн Дрим 24, Тетекс ТТК 23, Хераклеа 20;
ИДНО КОЛО (26.03)
Шкупи – Вардар
Чаир 2030 – Соколи 1933
Црн Дрим – Борец Баскет
ГКК Охрид – Партизан Водно Санс
Тетекс ТТК – Баскет КАМ
Хераклеа – Струмица