Новости поврзани со најтрофејниот ракометен тим во Македонија.
Анте Гаџа и РК Вардар 1961 сеуште преговараат за нов договор на хрватскиот репрезентативец и среден бек. Иако во дел од медиумите се појави информација дека се е договорено, сепак не е така, па двете страни продолжуваат со преговорите за Гаџа да остане дел од Вардар и во иднина. Набрзо ќе го добиеме конечниот одговор.
Кога сме пак кај интернационалецот од Полска Патрик Валчак, дефинитивно ова му е последна сезона во екипата од Скопје. Кружниот напаѓач по оваа сезона дефинитивно го напушта Скопје и тимот на Вардар и ќе игра во нова средина.
Од Вардар засега е потврдено останувањето на Борко Ристовски и идната сезона, како и на младиот голман Гогов.