Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинскиот тим на ЖРК Вардар гостува кај Спартак
Младинскиот тим на ЖРК Вардар гостува кај Спартак

Младинскиот тим на ЖРК Вардар гостува кај Спартак

Во младинската лига, црвено-црниот женски ракометен тим има максимални четири победи од исто толку одиграни кола и веќе е пласиран на завршниот Ф-4 турнир. Следниот викенд на програмата е 5.рунда во женската младинска лига.

ЖРК Вардар во ова коло од Групата-А ќе биде гостин, ние играме гостински дуел во скопската населба Кисела Вода кај тимот на РК Спартак Сетекс. Натпреварот е закажан за недела, 27.март 2022 година, средбата  во салата  „Круме Кепески“ во К.Вода е закажана со почеток во 12-00 часот. Вардарки се фавориот на оваа средба и во истата влегуваат како лидери на групата-А.