СОБРАНИЕТО НА БК ВАРДАР ОДЛУЧИ – ЦРСМ ја верифицираше одлуката ! Конечно ПРАВДАТА ПОБЕДИ. Фанатикот, ентузијаст и промотор на Македонското Борење и БК ВАРДАР, на заслуженото Претседателско место.
Централниот регистар донел решение на 17 мај со кое Љубиша Пешко го впишува за претседател на клубот, а го брише досегашниот Чедо Николовски. Решението е донесено врз основа на одлука од 30 март 2019 година. За потсетување иницијативниот одбор на Боречкиот клуб Вардар одржа вонредно Собрание на кое нов претседател со акламација беше избран токму Љубиша Пешко. Покрај тоа беа избрани нов Управен одбор, Надзорен одбор и усвоени одлуки за финансирање на клубот, програма за работа.
Потоа беа донесени одлуки за поведување кривична постапка против членови на поранешното раководство на Вардар, а досега дел и од признаеното водство од Централниот регистар, од Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), како и покренување постапка пред Централниот регистар. Претходното изборно Собрание беше прогласено за нелегитимно.