Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Дуото Влаќевски-Димитровски веќе по навика повторно со место во топ-6 и ова коло
КУГЛАЊЕ! Дуото Влаќевски-Димитровски веќе по навика  повторно со место во топ-6 и ова коло

КУГЛАЊЕ! Дуото Влаќевски-Димитровски веќе по навика повторно со место во топ-6 и ова коло

Изминатиот викендов на програмата беше четвртото коло во Македонската кугларска лига. Вардар во истото по две гостување поред на кој остваривме две победи  беше домаќин на екипата на КК 18 Август 2016. Натпреварот   се одигра во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје. Црвено-црните момци повторно и ова коло триумфираа со високи 7-1 покажувајќи дека се во одлична натпреварувачка форма.

Избраниците на Драги Димитровски го добија дуелот со 7-1, соборувајќи 3386 “дрва“, апак 18 Август имаше 3205,  во “сетови“ победивме со 17.5 наспроти 6.5 на нашиот противник. Стандардно по крајот на секое коло Кугларската федерација на Македонија го објавува топ-6 списокот на најуспешни куглари за изминатото коло. Во четвртото коло повторно веќе трети пат сезонава вардарци имаат свој преставници во истото. По пауза од  едно коло она во Битола кога не беа на позициите 1-2 повторно дуото Влаќевски-Димитровски беа најдоминантни кај нас. Влаќевски Бојан  имаше скор од 611 (406+205) “соборени дрва“, со кој се најде на втората позиција зад Лазо Анастасов од КК ГТЦ Муснадра. Вториот вардарец член на ударниот двоецот Димитар Димитровски имаше одлични 596 (387+209)  “соборени дрва“. Во топ листата покрај нашите двајца момци, првиот од КК ГТЦ имаше место и за тројца членови на шампионот КК Макпетрол. Во следното петто, воедно и последно коло од првиот круг во МКЛ се сретнуваме со   КК Империал Тобако ТКС. Во овој меч сме повторно “условно гости“ во кугларницата Мусандра. Дуелот ќе се игра во сабота на 19/11/2016 по еднонеделната пауза која следува овој викенд. Дуелот ќе почне во 10-00 часот.