Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Девојките на Вардар СЦЈС во петок доцна навечер тргаат за Свиленград, каде во недела играат меч од Челинџ купот
Девојките на Вардар СЦЈС во петок доцна навечер тргаат за Свиленград, каде во недела играат меч од Челинџ купот

Девојките на Вардар СЦЈС во петок доцна навечер тргаат за Свиленград, каде во недела играат меч од Челинџ купот

Младите вардарки  од Вардар СЦЈС за ривал во третото коло од Купот Челинџ  ја добија  екипата  на Свиленград која доаѓа од соседна Бугарија. Првиот меч  против бугарките ќе се игра во недела  во Бугарија, а реваншот во Скопје ќе биде  седум дена подоцна. Бугарките  дебитират првпат   во Евро-куповите, црвено-црните девојки се фаворитки во овој дуел.

Според планот за ова гостување избраничките на Симе Симовски во петок доцна навечер околу 23-00 часот со автобус ќе се упатат од нашиот главен град Скопје према бугарскиот град Свиленград каде ќе играат меч со истоимениот женски ракометен колектив. Девојките ги очекува долго патување околу 500 километри, бидејќи овој град се наоѓа во непосредна близина на турско-бугарската граница. Дуелот ќе се игра во недела, со почеток во 13-00 часот. Поради ова гостување Вардар кој во ова коло од женската Супер Лига е домаќин на екипата на ЖРК Куманово ќе го игра  дуелот во среда на 9-ти октомври. Натпреварот  ќе  се игра во малата сала при Спорскиот центар  „Јане Сандански”, неговиот почеток е закажан за 19-30 часот. Стандарно  влезот во малата сала во СЦ „Јане Сандански” е слободен.

Минатата сезона нашиот тим, Вардар Јуниор не успеа да се пласира во 1/2-финалето во Челинџ купот во својата деби-сезона за многу малку. Во  шест меча во Челинџ купот нашите млади девојки успеаа да забележат  пет последователни победи, но за жал го изгубија шестиот меч што значеше дека сонот за полуфинале е изгубен. Во последниот шести дуел, меч од ревеншот во 1/4 финалето  гостувавме кај екипата на   Карпати од Украина, на овој клучен меч домаќинките дојдоа до  победа од 28-17. За нашата млада екипа ова беше големо искуство, и уште во првата сезона од настапот во еврокуповите одиграа дури шест меча.