Изминатиов викенд се комплетираше четвртото коло во женската лига на шампиони. Она што не интересира е групата Б, во која настапува екипата на ЖРК Вардар која заедно со ФТЦ Будимпешта забележаа нови победи и го држат врвот на табелата во оваа прва групна фаза.
Вардарки очекувано забележаа нов триумф против шампионот на Русија, овој пат пред домашната публика. Во шестатата минута беше израмнет резултатот на 2:2, од тие моменти црвено-црните беа во постојана предност. Најголемата предност што ја имашпе Вардар во првиот дел беше седум голови разлика, но на полувреме се замина со резултат 18:13. Веднаш на стартот на вториот дел го враќаме најголемото водство. Како течеше мечот предноста се повеќе растеше, за во 42 минута да имаме двоцифрени 28:18. Брилираше нашиот состав во сите сегменти на играта, за конечни 39:25. Интересно е што сите играчи добија шанса за игра и се запишаа во листата на стрелци, освен Дијана Илина која не постигна гол, како и голманите Лејно и Песоа. Листата на стрелци ја предводеше Радичевиќ со 9 голови, додека по 5 постигнаа Пенезиќ и Херем. Козокар постигна 7 голови кај тимот на Астраханочка.
ФТЦ Будимпешта многу полесно отколку на домашен терен помина на гостувањето во Германија, против екипата на Лајпциг. Вицешампионот на Унгарија освои нови два бода во групата, совладувајќи го убедливо Лајпциг 17:30. На полувреме резултатот беше 8:14. Лајпциг цел меч беше во подредена улога, ниту еднаш немаше водство, ниту успеа да израмни. Најефикасен играч во победничкиот тим беше Зита Сучански со 7 голови, додека кај поразените се истакна Ланг со 5 погодоци.
Вардар е прв на табелата, поради подобрата гол разлика. Вака изгледа табелата после четири одиграни кола:
1. Вардар 7
2. ФТЦ Будимпешта 7
3. Астраханочка 2
4. Лајпциг
Двојки за следното коло:
ФТЦ - Вардар 13.11 ( 15:00)
Лајпциг – Астраханочка 13.11 ( 14:00)