Моментално успешно се реализира втората година од големиот ракометен проект на машкиот и женскиот црвено-црн колектив вардаровата “Јуниор лига“. Во истатата се натпреваруваат дечињата во машка и женска конкуренија во повеќе возрасни категории од вардаровите регионални ракометни школи. Повеќе од 23 ракометни школи низ цела Македонија ја имаат можноста да се натпреваруваат, надигруваат, но истовремено да стекнуваат нови искуства, познанства и пријателства. Дел од ова натпреварување е Каролина Маркачевска која настапува за ракометната школа на Урдаревски-Вардар.
-Желбата за ракомет постоеше од секогаш, но пред 3 години почнав успешно да тренирам и постигнувам се поголем напредок, a за тоа секако се заблагодарувам на нашите тренери. Тренирам во СК УРДАРЕВСКИ- ВАРДАР, јас сум презадоволна како нашите тренери ги обработуваат тренинзите со нас, го вложуваат максимумот за некој ден и ние да станеме играчи. Никола Димовски и Александар Димовски се моите тренери, за нив имам само пофалби.
Големо е задоволството на учесниците од функционирањето на лигата, која оваа сезона е сигурно на едно ниво поголемо од минатата година.
-Исто така играм во “Вардар јуниор лигата“, минатата година лигата беше супер организирана, додека пак оваа сезона лигата е на повисоко ниво, стекнуваме нови знаења и пријателства со играчи од другите школи, се натпреваруваме со генерација 2000-01, повозрасни од мене, но тоа не претставува никаква пречка.
Целта на секој играч е преку натпреварите во “Јуниор“ лигата да се стекнува искуство и еден ден да се стигне до младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.
-Досега имаме одиграно два натпревари во новата сезона и немаме ниту една победа, но тоа не значи дека треба да се откажеме. Се надевам дека преку лигава ќе ги покажам моите знаења и ке влезам во тимот на пионерките на РК Вардар.
Звонко Ивановски