Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар со најдобар скор во квалификациите за Купот обезбеди место во 1/2-финалето, противник ни е Хераклеа
Куглање! Вардар со најдобар скор  во квалификациите за Купот обезбеди  место во  1/2-финалето, противник ни е  Хераклеа

Куглање! Вардар со најдобар скор во квалификациите за Купот обезбеди место во 1/2-финалето, противник ни е Хераклеа

Вчера во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар-Скопје се одржаа квалификациите за Купот на Република Македонија во куглање. На истиот учество земаа сите учесници во Македонската кугларска лига помеѓу кој и нашиот црвено-црн кугларски колектив. Вардарци успеаа да обезбедат пласман во најдобрите четири екипи кои ќе играат полуфинале.

Од сите тимови најдобар скор екипно вчера имаше нашиот Вардар нашите момци имаа 3414 “соборени дрва“, односно 15 повеќе од второпласираната екипа на шампионот во првенството Кк Макпетрол. Покрај нас и Макпетрол пласман понатака и свое место обезбедиа и тимовите на битолска Хераклеа и скопски Кк ГТЦ Мусандра. Во полуфиналните соочувања ние ќе се сретнеме Хераклеа со која првиот меч ќе го играме во гости, а останатите два скопски ривала ќе одиграат меѓусебно. Полуфиналето ќе се игра како двомеч со дуели дома-гости. Кај нас вчера прв резултат имаше дуото Влаќевски-Димитровски , Бојан имаше 610 “соборени дрва“ а вториот член на дуото Димитар имаше личен скор од 589 “соборени дрва“.  Донковски имаше трет резулат 576, четврти беше Димковски со 575 “соборени дрва“. Играа вчера уште и Јакимовски кој имаше 550 и Ристевски  кој заврши со 514 “соборени дрва“. Првите полуфиналните дуели се закажани за следниот викенд. Вардар годинава го брани тронот во ова натпреварување од како лани во еден драматичен дуел го освои и се закити со пехарот во купот.