Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Капитенот Лазаров повреден, ќе ги пропушти двата дуели со Висла

Капитенот Лазаров повреден, ќе ги пропушти двата дуели со Висла

vardarfans-filip

Капитенот на црвено-црниот машки ракометен колектив Филип Лазаров на  тренинг добил фрактура на прст на десната рака. Подоцна на Филип од како му бил  извршен ренгенски преглед е утврдено е дека има фрактура на првиот прст, но сепак без некоја сериозна дистрозија на истиот.

Според проценката на лекарскио тим за нашиот капитен e предвидено  закрепнувањето да трае неколку недели. Поради опаравувањето од  повредата тој нема да биде во комбинација  за двата 1/8-финални натпревари од ЕХФ Лигата на шампионите против полскиот тим Висла Плок. Rедекцијата на Вардар фанс му посакува на Лазаров  брза рехабилитација и што е можно побрзо  враќање на ракометниот терен.