Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар Јуниор со победа се вратија од Велес
Младинците на РК Вардар Јуниор со победа се вратија од Велес

Младинците на РК Вардар Јуниор со победа се вратија од Велес

Започна вториот дел од сезоната за младинската ракометна екипа на РК Вардар Јуниор предводена од тренерот Зоран Петковски. Црвено-црните забележаа минимална победа со  резултат 30:32.

Натпреварот помина во постојано водство за Вардарци, кои на полувреме имаа позитива од пет голови 12:17. Меч кој треба што побргу да се заборави за нашите младинци, каде на моменти имаше боречки зафати кои не беа санкционирани од судиите , додека во нападот покрај безконечните предности, се дозволуваше домашните ракометари да прават и по два -три чекори повеќе. Како илустрација мора да се напомене само есенскиот дел кој се игравме со истата екипа во Скопје заврши со резултат 39:18 во наша корист. Вардар со овој триумф остана на првото место на табелата, заедно со екипата на Пролет, кои се најголеми претеденти за учество на завршниот турнир на најдобрите четири екипи.

Најефикасни во нашиот тим беа Амзоски со 7, Димитров со 6 и Трајковски со 5 погодоци. Во следното коло го играме дерби мечот со екипата на Пролет 62, за првото место на табелата во младинската група 2.