Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички се одиграа натпревари во детската лига за генерации родени “2005“, “2006“ и “2007“ година. Избраниците на Зоран Петковски, генерација родени “2005“ забележаа половичен успех од една победа и пораз во дуелите со своите противници.
ФК Вардар (2) генер. “2005“ беше сигурен во дуелот со своите врсници од Куманово, остварувајќи убедлива победа. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 8:1. Радува добрата игра на оваа екипа, која денес целосно го надигра својот противник. Уште по првото полувреме имавме високо водство од 4:0. Стефан Наумовски постигна хет-трик на овој дуел. Горјан Цветков и Бојан Јаневски беа стрелци на два погодоци, додека во листата на стрелци се запиша и Петар Пројкоски.
ФК Вардар (1) го доживеа својот втор последователен пораз во пролетниот дел, откако денес подобра во дербито беше екипата на Металург. Дуелот заврши со конечни 3:4. По голема борба со противникот среќата не беше наклонета за Вардарци, кои на крајот го загубија мечот. Противникот имаше предност од 1:3, сепак црвено-црните успеаа комплетно да се вратат во натпреварот и да израмнат на 3:3. Погодоците во првиот дел за Вардар беа дело на Никола Величковски и Филип Јовановски. Капитенот на Вардарци, Јовановски во второто полувреме со својот втор погодок успеа да го зирамни резултатот на 3:3, сепак финишот му припадна на Металург, за конечен резултат од 3:4.